Дали Евертон создава тим од соништата? Со ангажманот на Карло Анчелоти на клупата, еден од најдобрите светски тренери, секако дека и амбициите растат. Па така најново е тоа што за летниот преоден рок, тимот од „Гудисон“ имал намера да донесе тројца екстра фудбалери.

Прв пик бил Арон Ремзи, играчот за врска на Јуве кој по доѓањето од Арсенал не се снајде најдобро во Торино. Герет Бејл е голема желба на половина клубови од Премиер лигата, па така и на Евертон и Анчелоти. Не е тајна дека Дон Карло многу го почитува Хамес Родригез. Уште кога беше во Наполи тој сакаше да го ангажира Колумбиецот, но тој се врати во Реал. Па така сега е шансата за да го доведе во својот тим откако се знае дека Хамес и нема којзнае каква перспектива меѓу „кралевите“.

Во случај Евертон да успее да ги ангажира сите тројца, секако дека Анчелоти ќе има одличен тим за следната сезона.