Белгискиот дефанзивец на Пари Сен Жермен Тома Мение, чиј договор истекува на крајот на сезоната, потенцира дека би бил одлично засилување за секој клуб. Тој вели дека засега никој не му се јавил иако низ медиумите кружат информации дека за него се интересираат Борусија Дортмунд, Тотенхем и Интер.

Бесплатен репрезентативец, кој игра во најдобро рангираната репрезентација според ФИФА – Белгија, и кој има 28 години. Би бил одлично засилување дури и ако ’фатам’ гангрена и да ми исечат нога. Клубовите само ќе добијат. Не знам за информациите кои кружат во медиумите дека Дортмунд се интересира за мене. Исто така читам и за Тотенхем и за Интер. Не разбирам зошто пишуваат кога никој не ме контактирал. Инаку целта ми е да останам во ПСЖ, но во моментов таму се тивки околу тоа прашање“, изјави Мение за „РТБФ“