Почетокот на сезоната во Мото ГП шампионатот е одложен до јуни, откако француското Гран При објави дека е невозможно да се биде домаќин на трката на патеката Ле Ман, поради пандемијата на коронавирусот.

Според календарот, стартот за Гран-прито на Франција требаше да биде петта трка од програмата за годинава и да се одржи на 17 мај.

„Континуираното ширење на епидемијата на коронавирусот нè принуди да бараме нов датум за Француското Гран При“, се вели во заедничката изјава на Меѓународната федерација за мотоциклизам (ФИМ), промоторот Дорн и Унијата на тимови (ИРТА).

Тие додадоа дека календарот ќе биде ревидиран по завршувањето на пандемијата.