Крај на сезоната 2019/20 и подготовка за почнување на чиста сезона во холандскиот шампионат откако корона кризата ќе помине, тоа е ставот на Марк Овермарс, спортскиот директор на Ајакс.

Овермарс не е воодушевен од планот на Федерацијата (КНВБ) да ја заврши сезоната во текот на летото и во разговор за холандски „Телеграф“ не ја исклучува можноста Ајакс да се откаже од шампионатот.

Ердивизијата е ’мртва’, крај. Од оваа сезона толку. Финиш. Наречете ја како сакате. Не попусто премиерот рече дека ова најголемата криза после Втората светска војна. Се надевам дека КНВБ ќе донесе независна одлука, а не да се крие зад УЕФА (која соопшти дека во текот на летото да се доиграат шампионатите). Зарем парите ви се поважни од здравјтето на луѓето?“, вели Овермарс.

КНВБ првично сакаше да го заврши шампионатот, но потоа застана зад ставот на УЕФА да се завршат првенствата до 30 јуни. Од Федерацијата велат дека добиле инструкции од УЕФА да не праземаат ништо на своја рака.

Не гледам начин на кој ќе се спаси сезоната. Погледнете што се случува во Холандија во изминатите две-три недели. Пред еден месец приказните беа поинакви, а сега се многу поразлични-полоши. Лошо е, само КНВБ не гледаат реално на состојбата“, вели некогашниот холандски ас.

УЕФА и КНВБ можам да ги споредам со изјавата на претседателот на САД Доналд Трамп: екомонијата е поважна отколку корона вирусот. Ало! Секој ден умираат илјадници луѓе како последица на корона вирусот“, заврши Овермарс кој доби поддршка од претставниците на Зволе и на Фортуна Ситард.