Закрепнувањето на славниот турски голман Русту Реџбер од коронавирусот оди се подобро.

Неговата сопруга Исил, која го зарази, ги негираше сите тврдења на локалните медиуми дека поранешниот голман на Барселона е на интензивна нега.

„Тој е малку подобро, третманот продолжува во нормална просторија. Ќе биде уште подобро” , рече Исил.

Реџбер, рекордер по бројот на настапи во репрезентацијата на Турција, беше хоспитализиран претходниот викенд кога се потврди дена е позитивен на КОВИД-19, а во еден момент беше во критична состојба.