Сандер Сагосен, еден од најдобрите ракометари во светот, инаку член на ПСЖ, се соочува со чуден проблем. Проблем кој веројатно може да го има само во ракометот. Имено Норвежанецот цела сезона, се разбира до прекинот, игра за „светците“ во Лигата на Шампионите, а лесно може да се случи на Ф4, на завршниот турнир во Келн, да настапи за Келн. Познато е дека Ф4 во ЛШ  е одложен за крајот на август, а него договорот со парижаните тогаш ќе му биде истечен и ќе мора да им се приклучи на „зебрите“ со оглед на тоа дека тој веќе има договор со нив.

Навистина чудно…

„Доколку ова се случи, нема дилеми, мојот шеф тогаш ќе биде Кил, и јас веројатно ќе играм за нив“ посочи Сагосен.