Подготви: Огнен Дојчиновски

Македонските репрезентативци до 19 години, одлучија да се самоорганизираат и на своја иницијатива да донираат храна и се што е потребно за неколку семејсва на кои што помошта им е најпотебна во моментов.

Младите фудбалери преземаа дел од одговорноста врз себе што е и тоа како добар потег, покажувајки дека од мали нозе се свесни и општествено одговорни.

“Сметаме дека во овој момент и ние како поединци, но и како колектив дел од репрезентацијата, мора да помогнеме. Онолку колку што можеме секако. Ќе донираме храна за неколку семејства во село Бразда, скопско. Се надеваме дека ќе им го олесниме животот барем малку во овие тешки моменти. Ова не прави среќни и го правиме од срце”- велат репрезентативците Давид Тошевски од Работнички и Матеј Андов од Вардар и Божидар Митревски од Силекс, како претставници на сите оние репрезентативци кои се дел од оваа хуманитарна акција