После неколку месеци истрага, објавени се официјално причините за загинувањето на Хозе Антонио Рејес. Рејес го загуби животот на 1. јуни минатата година во сообраќајна незгода.

Причината била пукање на задната лева гума, а и неприлогадената брзина од 185 километри на час со која управувал Рејес. Тоа било причината за излетување на патот, а притоа автомобилот се запалил.

Со него во автомобилот бил и уште негов роднина кој исто така го загуби животот, додека третиот патник Хуан Мануел Калдерон ја преживеа несреќата.