Управниот комитет на Националната кошаркарска лига на Франција одржа состанок на кој се дискутирало за различните прашања поврзани со здравствената криза во земјата и нејзините последици од професионалните кошаркарски натпревари.

По разгледувањето на комплетните  информации за состојбата, и досегашните одлуки на европските лиги, беше одлучено дека натпреварите од елитната ПРО А и ПРО Б остануваат суспендирани до понатамошно известување.

Ова значи дека нашите репрезентативци, Војдан Стојановски кој е дел од екипата на Гравелин Данкерк, која се натпреварува во ПРО А, и Стојан Ѓуроски, играч на ПРО Б лигашот Евре, ќе мора да ја (по) чекаат наредната одлука на ова тело на француската елитна кошарка.

И двајцата новите информации ги чекаат во Скопје, каде во меѓувреме беа сместени во домашна самоизолација по нивното враќање од Франција.