Ништо од спектаклот во УФЦ. Хабиб Нурмагомедов ја откажа борбата со Тони Фергусон која требаше да се случи на 18 април. Синоќа Русинот објави дека во време на Ковид-19 тој не сака да се бори, а познато е дека имаше и проблеми со тоа како да допатува во САД. Интересно, оваа борба по петти пат е одложена. Пет години се канат двајцата да ги одмерат силите, но никако тоа да се случи.

Откако и дефинитивно е јасно дека нема битка меѓу Хабиб и Фергусон, овој вториот веднаш излезе со зајадлива изјава:

„За мене ова е бегање. Тој побегна како п***а, тој не сака со мене да излезе во рингот. Имаше начин како да дојде, но тој не сака борба. Реков дека ќе го избришам подот со него и Хабиб се исплаши. Треба да му се одземе шампионскиот појас“.