Возачот на Априлија Андреа Јаноне е суспендиран на 18 месеци бидејќи неговите допинг резултати биле позитивни на недозволена супстанција по минатогодишната трка во Мото ГП шампионатот за Големата награда на Малезија.

Италијанскиот возач ги прекршил антидопинг правилата и бил позитивен на анаболичен стероид по рутинската контрола во Малезија на 3. ноември минатата година. Исто така и Б примерокот бил позитивен. Јаноне од почетокот тврдеше дека е невин и дека ги внел стероидите преку контаминирана храна.

Дисциплинската комисија го потврди тоа, но не можеше потполно да го ослободи од вината, па тој ќе паузира 18 месеци, почнувајќи од 17. декември па до 16. јуни 2021 година.