Голем број од националните кошаркарски федерации одлучија да стават крај на сезоната поради „Ковид-19“. Дел од нив не прогласија шампион, дел прголасија според табелата пред прекинот на првенствата.

Има и такви кои веруваат дека ќе има услови да се игра кошарка. Во оваа група е АЦБ-лигата, челниците на ова натпреварување одлучија да ја продолжат суспензија и покрај тоа што Шпанија е втората земја со над 10.000 починати лица од пандемија коронавирус.

Во известувањето од оваа лига се вели дека ќе се продолжи да се следи ситуацијата и во следниот период ќе се донесе конечна одлука.

Македонија има свој претставник во ова првенство, Ненад Димитријевиќ, кој игра за тимот на Хувентуд.