Различни ставови имаат клубовите околу завршувањето на сезоната во Серија А. Поради корона вирусот и тешката ситуација на Апенините нема спорт, најсилната лига се одложи, а последните информации се дека ќе се направи обид таа да продолжи на крајот на мај или почетокот на јуни и да се заврши до 30 јуни.

Асоцијацијата на фудбалери бара да се замрзнат платите на фудбалерите за април, додека клубовите бараат да се намалат за четири месеци.

Инаку спремни за продолжување на сезоната се Јувентус, Лацио, Рома, Наполи, Верона, Парма, Сасуоло и Лече. Против се Торино, Удинезе, Сампдорија, Џенова, СПАЛ, како и Бреша чиј претседател беше најгласен по ова прашање. Тој дури најави дека доколку се продолжи сезоната тој нема да го пушта тимот на теренот па дури и да ги губи натпреварите со службен резултат.

Останатите Милан, Интер, Фиорентина, Аталанта, Болоња и Каљари се уште се немаат изјаснето околу тоа прашање. Тие веројатно ќе почекаат уште некој ден за да видат како ќе се одвива ситуацијата со корона вирусот пред да донесат решение, пренесуваат италијанските медиуми.