Паузата поради коронавирусот  во Кавадарци максимално се користи. Во завршна фаза е реконструкцијата на теренот, се со цел кога ќе продолжи првенството во Втората лига – исток, Тиквеш да може да игра дома.

Првиот меч, кога ќе заврши паузата, кавадарчани треба да го играат дома со Победа. Инаку работниците, како што и се гледа, максимално ги почитуваат препораките од надлежните зошто во моментов во Македонија на сила се вонредните мерки поради пандемијата на „Ковид-19“.

Според  плановите за десет дена ќе почне да се поставуваат бусените со трева, а теренот треба да биде готов за едно месец и половина, некаде на средината на месец мај, кога би требало, ако се биде според очекувањата, да тргне фудбалот во Македонија.