Овие денови можевме да прочитаме и слушнеме најразлични теории околу шпанските тренери и нивната доминација во европскиот ракометен крем. По Славко Голужа, стратегот на Татран Прешов кој истакна дека Шпанците добро се држат и дека меѓусебно се поддржуваат, лекција која мораат да ја научат сите, денеска за сајтот „Балкан-хендбол“ краток коментар даде Петар Ненадиќ.

Членот на Веспрем, тим предводен од Давид Дејвис вели дека начинот на кој шпанските стратези се грижат за своите ракометари е посебен. А за нивниот квалитет говори и фактот дека Шпанија е ракометен владател во Европа.

„И Давид, Раул…Скандинавците знаат како да се грижат за своите играчи, постојано им се јавуваат ги прашуваат како се чувствуваат, дали тренираат, нешто што ретко се случува на во екс-ју државите, барем јас така размислувам. Искрено не е случајност што ги водат најдобрите шест екипи, не е случајно да се владетели на ЕП. За разлика од нив тренерите од Балканот може да се избројат на прсти, не би рекол дека немаат шанса, но имаат поинаков менталитет. Зар Шпанците се будали што се држат, а овие паметни што постојано се критикуваат“, рече Ненадиќ, соиграчот на Дејан Манасков од Веспрем.