Во овие тешки денови на коронавирус во вторите борбени редови по медицинските лица се спортистите и клубовите во Македонија.

Сите на различен начин придонесуваат во битката со „Ковид-19“. Еден убав гест доаѓа од кошаркарскиот клуб Феникс 2010. Денеска на својата официјална „Фејсбук“ страница е споделена информација дека тимот стои на располагање за помош на оние кои имаат најмногу потреба од тоа.