Српскиот интернационалец Александар Пријовиќ од вчера наваму е топ тема. Тој и поголема група на негови пријатели се приведени, откако наводно го пркршиле полицискиот час кој е на сила во Србија.

Сепак, денешните официјални информации тоа го демантираат и ја даваат правата слика зошто Пријовиќ е приведен, а потоа изведен и на суд.

„Пропустот на Пријовиќ и неговите пријатели е тоа што влегле во ресторанот и биле повеќе од петмина, што е недозволено во моментов. Одговорноста е обострана и на поединецот, и на организаторот на целиот настан. Постои одлука на владата која вели дека храна и пијалоцизмеат само да се испорачуваат“  – изјави директорот на полицијата Владимир Ребиќ.