Според пишувањата на италијанскиот спортски весник „Газета дело Спорт“ УЕФА го одредила новиот термин на одигрување на финалето на Лигата на шампионите за сезоната 2019/20. Финалниот меч за одредување на новиот европски шампион најверојатно ќе се одигра во сабота на 15 август во Истанбул, додека почетокот на новата сезона ќе биде пролонгиран за октомври.

Планот на УЕФА е домашните првенства и куповите да се завршат до 3 август. За тоа се разговарало на видео конференцијата одржана во текот на оваа недела.

Тоа значи дека финалето во Лига Европа во Гдањск ќе се одигра три дена порано, односно на 12 август (среда).

Одложувањето на почетокот на новата сезона за во октомври, ќе значи дека квалификациите за европските купови ќе се играат во забрзано темпо во втората половина на август и во септември.