„Ковид-19“ им зададе голем финансиски удар на сите тимови. Челниците на клубовите спасот го бараат во намалување на бројот на вработени, но и во намалување на платите на своите играчи.

Во Барселона примањата на кошаркарите ќе бидат намалени за 70%, но има и такви тимови кои нема да превземат такви мерки.

Евролигашите, Реал Мадрид, Анадолу Ефес и Валенсија одлучија на кошаркарите да не им ги кратат платите.