Можно ли е да сме биле во заблуда? Зарем е можно трансферот на Нејмар од Барса во ПСЖ, вреден фантастични 222 милиони евра сепак да не бил најскапиот во историјата? Дури да не е ни меѓу првите седум. 

Еден портал во Европа, а веста е преземана во повеќе земји, ја пресмета инфлацијата, цената на златото во тоа време, потоа вредноста на доларот, вредноста на еврото и дојде до заклучок дека најскап трансфер во историјата е оној на бразилскиот Роналдо, кога во 1997 година премина од Барса во Интер. Тогаш Морати плати 28 милиони евра, но сега тој трансфер би изнесувал фантастични 433 милиони.

На второ место е трансферот на Марадона од Барса во Наполи во 1984 година, сега тој би вредел 345 милиони евра. Трет е на Платини од Сент Етјен во Јуве, сега тој би изнесувал 344 милиони евра. Трансферот на Нејмар е осми, пред него се и оние на Виери, Ван Бастен, Батистута, Игуан… како што се гледа од графиката.

Сепак ова тврдење е многу дискутабилно. Оваа пресметка реално е неточна, да не кажеме лажна. Пред се не е можно Јуве во 2016 да платил за Игуаин 90 милиони евра, а сега таа сума да изнесува 264 милиони, а за една година подоцна ПСЖ да платил 222 милиони евра, а истата сума да вреди и во денешно време.

Навистина проблематично. 

Сепак факт е дека тие 222 милиони евра за Нејмар како да звучат најмногу.