Денеска е регистриран и прв случај на позитивен  на коронавирусот меѓу спортистите во Македонија. Според информациите објавени на социјалните мрежи, професорот Љубиша Пешко, селектор на македонската репрезентација во грчко-римски стил се бори со коронавирусот.

Пешко е во болница, и се надеваме дека ќе извојува брза победа и против опасниот вирус.

Љубиша Пешко своевремено беше сениорски репрезентативец на Македонија.