Актуелниот англиски првак, Манчестер Сити објави дека нема да ги користи средствата на Владата наменети за клубовите. Добро е познато дека во оваа земја има големо олеснување кога станува збор за платите на вработените во тимовите, 80% ги покрива Владата додека останатиот дел е на товар на самиот клуб.

„Одлуката на претседателот и Управниот одбор на клубот е да не се користат средствата на Владата. Остануваме на својот став, сами ќе ги заштитиме нашите вработени, нивните работни место и нашата работа, истовремено ќе се обидеме да и помогнеме на земјата во оваа тешка доба“, се вели во известувањето на Сити.

Мерката на Владата веќе ја искористија тимови како Ливерпул и Тотенхем.