Фудбалерите на престануваат да „изненадуваат“ со своите потези за време на карантинот поради коронавирус.

Во списокот на играчи кои во изминатиот период го прекршија карантинот од денеска влезе и Федор Смолов. Фудбалерот на Селта Виго побегнал за Русија, причината е љубов, поточно неговата девојка.

Тука не застануваат интересните информации, Марија, девојката на Смолов го прославувала својот 18-роденден, доволна причина за да членот на шпанскиот тим без дозвола од челниците на Селта, со приватен авион да замине кај своја сакана.

Инаку станува збор за внука на некогашниот претседател на Русија, Борис Елцин.