Во време на коронавирусот, во време кога вистинскиот фудбал во светот стои во место, фудбалски херои се лица кои не ги знаеме, деца кои се супер таленти, кои со своите потези ги воодушевуваат сите, и ги орасположуваат барем за миг.

Па така едно дете од Англија, помогнато од своето другарче или братче, во својот двор ги „репризира“ најубавите голови на векот. И тоа го прави фантастично, толку реално. И двајцата речиси до детал ги имитираат тие голови, радоста, но и тагата на голманите. Најинтересна „реплика“ е голот со рака на Марадона од СП во 1986 против Англија. Тука се и головите на Руни, Роналд, Бекам, Меси, Тоти, Ван Перси, Анри. 

Вреди да се погледне. 

А вие драги читатели уживајте…