Јан Вертонген по завршувањето на оваа сезона, кога таа и да заврши, го напушта Тотенхем и најверојатно се сели во Серија А. За неговите услуги силно се заинтересирани Наполи и Рома, но во трката за неговиот потпис, како што денеска пишуваат италијанските медиуми, води никој друг туку Интер. Самиот репрезентативец на Белгија открил дека и тој сака да соработува со Антонио Конте, откако во неколку наврати стратегот на нероаѕурите со пофални зборови говореше за квалитетите на Вертонген. Тука своја улога треба да има и Кристијан Ериксен, сегашниот играч за врска на Интер, инаку соиграч на Вертонген од времето кога двајцата беа од едни од најдобрите првотимци на Тотенхем. 

Белгиецот е идеално решение за Конте и неговата формација со три стопери во дефанзивата, посебно ако се знае дека Вертонген  може да игра и лево. Најважно е тоа што тој во Интер би дошол како слободен играч. Значи за него клубот од „Џузепе Меаца“ не треба да троши пари на отштета.