Како што пренесува Ројтерс, ФИФА донела одлука за тоа како и кој може, се разбира на кој начин да се кратат платите на играчите во време на кризата со коронавирусот.

Се нагласува, односно ФИФА препорачува дека нема лимит за тоа колку би можело да биде тоа кратење. Најдобро ќе биде секој клуб посебно со играчите да се договорат за такво нешто. Сепак има услов, а тој е клубот да докаже дека во тие три месеци трпи финансиски загуби. Може да се намалат платите во висина на една просечна плата во таа замја, ако има регулирано такво нешто. Но само ако нема договор меѓу клубовите и играчите и ако договорите се змрзнати. Со прости зборови ФИФА остава на секој клуб, во секој држава само посебно да си ги решава проблемит. А ако нема никаков договор, или ако било каков проблем тогаш тоа би се решавало на спортска арбитража.

ИГРАЧИТЕ СЕ СЛОБОДНИ КОГА ЌЕ ЗАВРШИ СЕЗОНАТА

Интересно е тоа и што ФИФА донесе залучок, барем според Ројтерс, играчите на кои им истекуваат договорите до 30 јуни, и натаму да бидат во клубовите и да се нивни членови се до завршување на сезоната. Значи на пример ако Серија А се игра и во јули и во август, без разлика на истечениот договор, тој играч уште мора да игра за Интер на пример. Ако пак претходно тој играч потпишал за некој друг клуб, тој другиот клуб ќе го плаќа дури кога ќе почне да игра за него, а до тој момент претходниот негов клуб ќе го плаќа. 

На крај се нагласува дека овие препораки ФИФА ги донела со претходен договор со претставници на клубовите, но и со синдикатите на играчите.