И Џудо клубот Сеишин Прилеп спроведе своја хуманитарна акција во тешките денови поради коронавирус. Поради мерките на Владата добро е познато дека на најстарите граѓани излегувањата се скратени, па токму затоа денеска Сеишин Прилеп ги посети своите ветерани.

Сите добија пакети со помош како заштитна опрема (маски и ракавици), средства за дезинфекција како и витамински суплементи и напитоци.

Од клубот им стојат на располагање на сите постари лица за набавуваат неопходни намирници или лекови кои им се неопходни.