Се повеќе се зборува за заминувањето на Пол Погба од Манчестер Јунајтед. Погба се повеќе е незадоволен на „Олд Трафорд“ па Французинот може да биде продаден во текот на летото. А шефовите на Манчестер Јунајтед веќе пикирале негова замена, а тоа е српскиот репрезентативец од Лацио Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Според „ФутМеркато“ сајт специјализиран за трансфери „Црвените ѓаволи“ одат во нова офанзива по Србинот откако претходно не успеаа да се разберат со претседателот на Лацио Клаудио Лотито кој бараше 110 милиони евра за овој играч. Сега ситуацијата е поинаква, кризата ќе може да го натера Лацио на продажба на дел од фудбалерите за финансиска стабилност, па токму Милинковиќ-Савиќ може да биде еден од нив.