Поради корона вирусот многу клубови се во криза, некои веќе им ги намалија платите на фудбалерите меѓу 30 и 70%, а некои се уште преговараат со играчите за тоа.

Во шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс се согласија три месеци да не примаат плата во знак на солидарност. Менаџерот Стивен Џерард изјави дека тоа е одлука на фудбалерите, директорот и стручниот штаб.

Брзо се договоривме. Фудбалерите, директорите и стручниот штаб покажаа одговорност така што одлуката ја донесоа доброволно. Сите сакаа тоа да го направат затоа што знаат дека клубот ќе западне во големи финансиски тешкотии кои можат да доведат до нов банкрот ако продолжи редовно да ги исплаќа платите. Важно е да покажеме почит кон сите луѓе во клубот, без оглед на која позиција се и мислам дека покажавме заедништво во овој момент“, изјави Џерард.

Ренџерс потврди дека дел од персоналот со најниски примања ќе бидат на платено отсуство.

Постарите играчи и стручниот штаб сакаа да осигураат дека ниту еден вработен да нема финансиски проблеми во текот на оваа криза“, соопштија од клубот.