Гледи Мици, еден од најдобрите леви бекови во ПМФЛ, има понуда од Шкендија да го продолжи договорот кој му истекува на 30 јуни. Да потсетиме дека фудбалерот од Албанија во таборот на нашиот шампион дојде во летото 2018 година и потпиша на две години.

Да, точно е дека раководството на Шкендија ми понуди нов договор, но сепак нема уште одговор од моја страна. Гледате што се случува со Ковид-19, сега не е време за фудбал, за размислување за тоа каде ќе ја продолжам својата кариера. Па така се уште не знам во моментов дали ќе ја прифатам или одбијам понудата“ изјави Мици за медиумите во Албанија.