Постојат големи шанси Андрес Иниеста, легендата на Барселона во зимскиот преоден рок да се врати во Барселона.Искусниот играч за врска, веќе има 35 години, со јапонскиот Висел Кобе има договор до 31 јануари следната година, па така нема никаков проблем да се врати на „Кам Ноу“. Значи Барса сака, Иниеста покажува позитивни сигнали и ете тоа е доволно за медиумите во Шпанија да заклучат дека е можен овој трансфер, или подобро кажано негово враќање во Каталонија.

„Мојата намера и јас и понатаму да играм фудбал. Овде ми истекува договорот во јануаи, не кријам дека сакам повторно да ги осетам тие моменти како некогаш“ вели Иниеста. А некогаш играл само за Барса, па се знае што сака да каже.