Францускиот пилот од Алфа Таури, Пјер Гасли, изјави дека поради светската епидемија на коронавирусот заглави во Дубаи и не успеа да се врати во татковината. Тој беше со својот тим на планираниот старт на новата сезона во Австралија минатиот месец, но се уште се нема вратено дома.

„Сè изгледаше малку посмирено во Австралија, така што останав уште една недела во Мелбурн со мојот личен тренер. Кога ситуацијата се смени, решивме да се вратиме назад. Решивме да останеме неколку дена во Дубаи. Деновите се претворија во недели. На почетокот, луѓето тука немаа посебни ограничувања на движењето, но сега сè стана многу построго – можам да одам само во супермаркет“, вели Гасли во интервјуто дадено за автомото магазините.