Поради пандемија коронавирус, ФИБА Европа донесе одлука да ги одложи речиси сите активности предвидени за ова лето.

Истото требаше да биде исполнето со настапите на најмладите. Добро е познато дека Македонија доби организација на ЕП А Дивизија за кошаркари до 16 години кое треба да се одигра од 14 до 22 август во нашиот главен град. Но, истото нема да се одржи оваа година.

Сите младински шампионати кои беа закажани во текот на летото се презакажани за идната година.

ФИБА Европа донесе одлука за женските европски купови тие ќе треба да бидат завршени до крајот на оваа година, поточно во септември и октомври со завршни турнири во еден град.