Ако може да им се верува на медумите во Шпанија и Италија, Реал Мадрид по секоја цена сакал да го врати Роналдо на „Сантијаго Бернабе“. Уште повеќе, Флорентино Перез преку менаџерот Мендеш, испратил официјална понуда до Јувентус, таа е во канцеларијата на клубот од Торино, а во неа стои дека „кралевите“ би исплатиле 60 милиони евра со цел по две години да го вратат Роналдо.

Секако дека ова е добра шанса за Јуве и неговиот претседател Андреа Ањели, барем малку да ги намалат трошоците за Роналдо. Познато е дека Португалецот е платен 30 милиони евра по сезона, и тоа во голема мерка го оптоварува буџетот на Јуве. Од друга страна пак Роналдо не крие дека би можел да се врати во Реал, но не инстира по секоја цена за такво нешто. Огромна е неговата желба и со Јуве да ја освои Лигата на Шампионите сезонава. А ако тоа се случи, се нагласува дека Роналдо сигурно заминува.