Светското првенство во атлетика ќе се одржи во периодот од 15-24 јули 2022 година, во Јуџин, Орегон, за да се избегне поклопување со Олимпијадата во Токио во 2021 година, објави Меѓународната атлетска федерација (ИААФ)

Натпреварувањето на кое ќе учествуваат околу 1800 спортисти од повеќе од 200 земји, требаше да се одржи во август 2021 година, но беше преместен една година подоцна, поради одложувањето на Олимпијадата во Токио за следната година.

„Светското првенство ќе започне со уникатно славење на спортот, по што следат Игрите на Комонвелтот и Европските првенства. Ова ќе биде добра работа за сите љубители на атлетиката ширум светот“, рече претседателот на светската атлетика, Себастијан Коу.