Андреј Jакимовски, нашиот млад репрезентативец никако не успева да си замине од Торино.

За жал, Јакимовски останува во оваа земја, нема начин како да се врати дома.

Тој повеќе од месец е во домашен карантин.

„Веројатно така ни е судено, да чекаме. Нема што друго да правиме.

Ги почитувавме максимално забраните кои сè уште се на сила, и за кои  мислам дека ќе потраат уште долго време, можеби и еден месец. Не ни преостанува многу друго. Она што можев го направив. Се пријавив за хуманитарен лет, и тоа уште пред три недели. Но до овој момент немаме никаква информација дали е изводливо тоа да се направи од Италија, Нема друго, мора да бидеме мирни, да бидеме трпеливи. Ќе помине и ова. Ми недостасува кошарката, но во овој момент најважно е здравјето“, вели Јакимовски од Торино.