Напаѓачот на Барселона Лионел Меси остро ги демантираше информациите дека наскоро ќе се пресели во Интер заедно со Тијаго Алмеида од бразилскиот Атлетико. Аргентинецот публикува скриншот од соопштението на аргентинскиот сајт ТНТ и напишал „лажна вест“ (Fake news).

„Ова е лажна вест! Исто како и информацијата дека се враќам во Њуелс Олд Бојс. Фала му на Бога што никој не му верува на тој медиум“, напишал Меси.

Договорот на Аргентинецот со Барселона истекува идната година, но има клаузула според која може да си оди на крајот на сезоната. И покрај караниците со дел од раководството во последно време засега не размислува за заминување.