И покрај тоа што не се надзира крајот на актуелната сезона во фудбалот во речиси сите првенства, сепак, веќе се размислува за идната, во која ќе стапат некои нови фудбалски правила.

Една од одлуките е поврзана со ВАР. Ако евентуално топката го погоди во рамо играчот, судиите нема да интервенираат. Но, ако го урди во лакот, тогаш автоматски ќе биде прекината играта. Доколку напаѓачот топката го удри во рака, играта ќе се сопре само доколку во продолжение на акцијата биде постигнат гол или ако напаѓачката екипа се стекне со предност.

Исто така ќе има промени и при изведувањето на пеналите. Имено, ако некој играч добие жолт картон во пенал серијата поради недолично однесување, а во текот на играте веќе добил еден, тогаш тој нема да биде исклучен. Односно во пенал серијата се бришат картоните добиени во текот на мечот. Доколку голманот и изведувачот во исто време ги прекршат правилата, жолт картон ќе добие само изведувачот.

На сила стапува и правилото дека играч кој нема да биде оддалечен од топката најмалку четири метри кога топката мирува после прекин, ќе добие жолт картон.