Иако раководството на АБА лигата се уште нема донесено одлука на кој начин  ќе се спроведат завршниците во АБА 1 и АБА 2 лигата, но претседателот Ѓорѓе Павичевиќ најави дека големи се шансите лигата да биде проширена за следната сезона на 14 клубови. Ако се направи тоа тоа значи дека МЗТ Скопје кој веќе е пласиран во полуфиналето на АБА 2 има реални шанси да се врати во најсилната балканска кошаркарска лига.

Се зависи од планот на раководството. Ако се одлучат да нема плеј оф и првите две екипи од табелата автоматски да влезат во АБА 1 тогаш МЗТ би извисил затоа што „металците“ се трепопласирани во лигата зад Борац и Сплит.