И не беше тешко да се претпостави. Имено како што пишува Л`Екип, највлијателната личност во светот на тенисот е никој друг туку Роџер Федерер. Францускиот спортски весник, кој е еден од најпознатите во светот, направи ранг листа на највлијателните личности во тенисот и на прво место  рангиран е Швајцарецот. На второ место следува Серена Вилијамс, потоа Новак Ѓоковиќ, Рафел Надал…

Во образложението стои дека Федерер има најмногу Гренд слемови, и иако во последно време не игра и не бележи резултати како во минатото, неговото име се уште е најголемиот бренд во тенисот.

Новак и Рафа, кои го следат Роџер по бројот на титулите, се меѓу највлијателните и поради тоа што важат за едни од најдобрите тенисери во историјата.

Додека пред нив е Серена.

„Моќта на Серена Вилијамс не е ограничена само на тенискиот терен, на нејзините 23 Гренд слем титули, туку и на се она што го носи со себе нејзиното име“  се вели во образложението.