Натпреварите од плеј-офите на Лигата на нациите се одложени за на есен. УЕФА се уште нема конкретен датум за одигрување на натпреварите, а англискиот „Дејли мејл“ од свои извори открива дека европската куќа на фудбалот размислува полуфиналните мечеви, меѓу кои и дуелот Македонија-Косово, да ги закаже за октомври додека финалињата за ноември.

„Дејл меил“ додава дека натпреварите најверојатно ќе се играат без публика.

Првично баражите требаше да се одиграат во март оваа година, но беа одложени за во јуни, па пак одложени за на есен. ЕУРО 2020 е презакажано за 2021 година.