Коронавирусот создава големи проблеми на сите спортски тимови во светот. Финансискиот дел е најголемата главоболка, клубовите се обидуваат да преживеат.
Еден од нив е некогашниот европски првак, Цибона, кој се наоѓа во големи проблеми.
„Јас сум одговорна личност и мора да го водам клубот. Мојата плата ја намалив за 50%, но голем проблем се платите на играчите. Голем дел имаат договор за следната сезона, на дел им истекува ова лето. Со дел од играчите ја прекинавме соработката. Доколку не добиеме помош од градот, ќе се најдеме на работ на пропаст. Оваа ситуација може да се одрази лошо, не само на Цибона, туку и на сите“, изјави директорот на Цибона Домагој Чавловиќ, кој пред неколку дена му даде отказ на целиот стручен штаб.