Нигерија на СП 1998 во Франција ја имаше една од најмоќните селекции во својата историја. Прогнозите велеа дека ќе биде дури и меѓу најдобрите четири или најдобрите осум, но ништо од тоа. Причината за тоа, по цели 20 и повеќе години, ги образложува Тарибо Вест, стоперот кој беше познат како играч на Интер и Партизан.

Тој се осврна на 1/8 финалниот меч меѓу Нигерија и Данска, по која неговата селекција загуби со 1:4.

„Поедини мои соиграчи носеа жени во нашиот камп, тоа го видов. Тие беа Африканки кои беа дојдени да го следат СП и кои беа заљубени во нас. Игравме добро во групната фаза, и беше лесно да се заведат и да се однесат во собите. Затоа на ден на натпреварот со Данска можеше да се види дека некои мои соиграчи немаа сила ни да одат на тој меч. Беа преуморни, премногу се потрошија на жените и затоа загубивме. Бев многу гневен, но беше бдијала“ изјави Вест.