Од НХЛ-лигата доаѓаат тажни вести, хокеарот на Едмонт Ојлерс, Колби Кејв почина на 25 години. Овој млад играч бил во индуцирана кома по интервенција на циста која му вршела притисок врз мозокот.

„Со голема тага ги известуваме сите дека нашиот Колби Кејв почина рано утринава. Јас (Емили) и нашите семејства сме во шок, но знаеме дека нашиот Колби беше сакан од нас, нашите семејства и пријатели, целата хокеј-заедница и многу други. Ви благодарам на сите што се молевте за Колби во ова тешко време“, истакна неговата сопруга.

Едмонт Ојлерс Колби Кејв мина четири сезони во НХЛ и одигра 67 натпревари.