Зинедин Зидан од фудбалот се прости на неславен начин, со црвен картон на финалето на СП 2006 година во Германија.

Иако имаше чудесна кариера, тоа фрли сериозна „дамка“ врз него. Зидан во гради го удри Матераци, и го остави на цедило својот тим, а еден негов соиграч од тоа време, Вили Сањол вели дека не го прифатил извинувањето на Зи-Зу и дека не му зборувал две години.

„После натпреварот Зидан се извини во соблекувалната, но јас никогаш не го прифатив тоа извинување. Со Зидан не зборував две години. Во 2008 година правев свадба, и мојата сопруга инсистираше да го повикам. Тоа го направив, разговаравме и ги решивме сите дилеми.“, рече Сањол кој призна дека од нервоза испушил многу цигари, односно искажа бројка која е несвојствена и невозможна за толку малку време.

„Бев во купатило и испушив 250 цигари за 10 минути“, рече Сањол.