Доколку во Шкотска не се создадат услови за продолжување на тамошната Премиер лига, и доколку од УЕФА се добие конкретна дозвола, тамошниот сојуз ќе прогласи крај на тековната сезона.

Шкотите сериозно размислуваат за таква опција. Со тоа што, нема да има испаѓање од лигата, Хартс кој е сега со таков статус ќе остане во прва лига, а Инвернес и Данди кои се сега првите две екипи во Ченпионшип лигата ќе бидат наградени со ранг погоре.

Тоа значи дека следната сезона, Шкотскиот шампионат ќе брои четиринаесет, а не дванаесет екипи, и ќе се игра плеј оф и плеј аут со повеќе екипи одтколку досега.