Во четврток Динамо Загреб ќе има разговор со Ненад Бјелица, кој го напушта клубот по нешто помалку од две години соработка со браќата Мамиќ. Единствено прашање е дали соработката ќе заврши со меѓусебна согласност, бидејќи Бјелица има важечки договор уште една и пол година.

Новиот тренер на хрватскиот шампион, како што е неофицијално познато, треба да стане 46-годишниот Игор Јовичевиќ, кој досега успешно управуваше со младиот тим на Динамо.

„Јовичевиќ е дефинитивно главниот кандидат за Динамо ако замине Бјелица, а ние треба да почекаме на ваква одлука до четврток“, вели извор од клубот.