Поради коронавирус секојдневно се одложуваат голем број на настани. Иако Светското првенство во Египет треба да се игра во јануари 2021 година, сепак од ИХФ имаат план Б.

Причината поради која од Светската ракометна федерација размислуваат за нов датум е не можноста на домаќинот Египет на време да заврши со изградба на спортските сали наменети за Мундијалот. Пандемијата коронавирус е непредвидлива, иако нема најавено доцнење од страна на Египет, сепак нема да биде изненадување доколку ова натпреварување се одигра нешто подоцна.

Македонија за противник ја доби репрезентацијата на Франција. Националната федерација на оваа земја вчера испрати порака дека нема намера да го игра квалификацискиот бараж, бара да се најде поинаков начин за одредување на патниците за СП 2021.