Македонец  е новиот спортски директор на Марибор, а неговото име е Оливер Богатинов. Тој на 27 март е избран за таа функција, и со тоа го наследи легендарниот Златко Захович, кој пред извесно време си поднесе оставка.

Инаку Богатинов потекнува од Македонија, а роден е во Јесенице на 26 септември 1978 година. Несудениот хокеар станува фудбалер, така е тоа. Инаку Јесенице во некогашна СФРЈ беше познато по тоа што го имаше најдобриот хокерски клуб. Нема некои посебни податоци за Богатинов тоа од каде, од кое место во Македонија, потекнуваат неговите родители. Само тоа дека и двајцата се од Македонија и дека таму во Јесенице се запознале.

Богатинов играл фудбал во Триглав, Цеље, Копер и Бонифика. Бил прв тренер на Алуминиј и Мура, работел како асистент тренер во Копер и Олимпија. Едно време ја водел академијата на Ал – Хилал во С. Арабија. Пред да дојде на местото спортски директор на Мрибор, бил главен на младинската академија на овој клуб.