Тимот од Љубљана постапува како АБА лигата да не продолжува, па го распушти тимот.

По вчерашниот ден во кој управата на клубот им се заблагодари на Мајк Цибрес, Андрија Стипановиќ и Филип Крушлин, денеска уште двајца играчи си заминаа од екипата.

Се работи за Доминик Артис и Домен Артож. Па така, доколку АБА лигата навистина продолжи и треба да се одигра тековната сезона, Цедевита Олимпија ќе мора да ангажира дополнително играчи, или пак клубот знае нешто во врска со самата одлука за целоне прекин на првенството па така и се однесува.